“Аптекарска здравствена заштита” – платформа коjа ги обединува
фармацевтите, матичните лекари, специjалистите и болничките
фармацевти

Четвртиот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита” ке биде посветен на Процесот на управување со терапиjата (МТМ) каj три многу чести и значаjни хронични состоjби: хипертензиjа, дислипидемиjа и обезност кои претставуваат голем товар за здравствениот систем и бараат постоjан, систематски и индивидуализиран пристап во грижата за пациентот

Четвртиот симпозиум ,Аптекарска здравствена заштита” – Процес на управување со терапиjа (МТМ) каj хипертензиjа, дислипидемиjа и обезност – Смарт Фармацевт модул 4 Ке се одржи на 14 и 15 ноември во хотелот „DоubleTree by Hilton”‘: М-р фарм. Џoaнa Андоноска, претседателка на Здружението на приватни аптеки на РС Македониjа (ЗПАРСМ).

На задоволство на фармацевтите, а на бенефит на пациентите, Здружението на приватни аптеки на РС Македониjа (ЗПАРСМ), на 14 и 15 ноември во хотелот „DоubleTree by Hilton” во Скопjе го наjавува четвртиот симпозиум ,,Аптекарска здравствена заштита” – Процес на управување со терапиjа (МТМ) каj хипертензиjа, дислипидемиjа и обезност – Смарт Фармацевт модул 4, коj веке се наметна како настан со голема важност за фармацевтската фела.
По тоj повод разговараме со м-р фарм. Џoaнa Андоноска, претседателка на Здружението на приватни аптеки на РС Македониjа (ЗПАРСМ), коjа открива кои се главните теми, како се одвиваат подготовките, кои се клучните предавачи, колкаво е значењето на мултидисциплинарната соработка и колку е битна континуираната едукациjа на фармацевтите како неопходни здравствени партнери.

Кои теми ке бидат во фокусот на четвртиот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита”?
М-р фарм. Андоноска: Четвртиот симпозиум „Аптекарска здравствена заштита” ке биде посветен на Процесот на управуваtье со терапиjата (Medication Therapy Management – МТМ) каj три многу чести и значаjни хронични состоjби: хипертензиjа, дислипидемиjа и обезност кои претставуваат голем товар за здравствениот систем и бараат постоjан, систематски и индивидуализиран пристап во грижата за пациентот. Преку реални клинички примери ке покажеме како добрата координациjа меѓу фармацевтите и лекарите не само што го подобрува управувањето со терапиjата, туку и го намалува ризикот од несакани деjства и интеракции меѓу лековите, ja подобрува адхеренцата и исходот од лекувањето. Ќе се дискутираат наjновите научни сознаниjа, новите трендови во jавното здравство, улогата на фармацевтите во мултидисциплинарните тимови и практичните модели за имплементациjа на МТМ во секоjдневната работа, кои ке придонесат кон подобрување на исходите од терапиjата и квалитетот на животот на пациентите.

Прочитaјте го целото интервју на следниот линк