Почитувани колеги,
Здружението на приватни аптеки (ЗПАРСМ) со големо задоволство Ве поканува на Четвртиот СМАРТ фармацевт Симпозиум, кој ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2025 година во Хотел Hilton DoubleTree, Скопје.
Под мотото „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“ оваа година ќе се фокусираме на Процесот на управување со терапија (МТМ) за хипертензија, дислипидемија и дебелина – со конкретни примери од пракса кои докажуваат дека добрата соработка меѓу лекарите и фармацевтите го намалува ризикот од несакани дејства и интеракции меѓу лековите, а го подобрува управувањето со терапијата и задоволството на пациентите.
Ќе бидат опфатени повеќе аспeкти:
Улогата на фармацевтот во јавно здравство – трендови во пракса,
Нови трендови и добри практики во едукацијата, специјализацијата и клиничката имплементација на MTM моделите.
МТМ модел на Американската фармацевтска асоцијација (APhA)
Управување со терапија – клинички аспекти, одлуки во процесот на МТМ во случаи од пракса кај хипертензија, дислипидемија, обезност – 10 сложени случаи од пракса
SWOT – анализа и бизнис план МТМ
Управување со промени во МТМ
Улогата на болничките фармацевти – глобален преглед
Интегриран и мултидисциплинарен пристап – соработка со матични лекари, специјалисти и други здравствени работници
Целта на симпозиумот ќе биде да се онудат практични знаења, алатки и инспирација за фармацевтите како дел од мултидисциплинарните тимови за унапредување на здравјето на пациентите. Драфт програмата е во прилог на овој мејл.
Зошто да присуствувате?
Ќе ги слушнете искуствата и најновите трендови од двајца врвни светски експерти:
Аријана Мештрович – SMART фармацевт во јавни и болнички аптеки: трендови и пракса
Michael Rouse – Learn Today – Apply Tomorrow
Ќе добиете алатки и знаења кои веднаш ќе можете да ги примените во секојдневната работа.
Ќе се поврзете со колеги од јавни и болнички аптеки, матични лекари, специјалисти и ќе размените примери од реалната практика.
Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од заедницата која ја менува фармацевтската практика во Македонија!
Резервирајте го Вашето место уште денес – бројот на места е ограничен.
Котизацијата вклучува учество на сите сесии, материјали, паузи за кафе и ручек, како и сертификат за учество.
Пријавете се и уплатете котизација овде: www.smartfarmacevt.mk
Заедно создаваме фармација која носи резултати – за пациентите, за колегите, за иднината!
Со почит,
ЗПАРСМ