Со задоволство споделувам дека успешно се одржа првата интерактивна работилница од Развојната програма за лидерство.

Работевме во интерактивна атмосфера, со многу дискусии, размена на искуства и практични вежби поврзани со лидерството во професионалната средина.
Оваа интерактивна работилница претставуваше втората фаза од програмата, а учесниците продолжуваат со следните три фази кои се насочени кон понатамошен развој на лидерските компетенции и нивна примена во секојдневната работа.

Особено ми беше драго да се види колку отворено учесниците ги споделуваа своите искуства и предизвици и како преку заедничка работа се создаде простор за учење и нови перспективи.
Во меѓувреме, се формира нова група за следниот циклус на програмата.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од програмата, повеќе информации можете да најдете на линкот:
https://fascinating-puffpuff-b9c24e.netlify.app/