На 11 јуни 2026 година ќе се одржат изборите за органите и телата на Фармацевтската комора на Македонија – процес кој е од исклучително значење за иднината на нашата професија.
Здружението на приватни аптеки и магистри по фармација на Република Северна Македонија (ЗПАРСМ) ги повикува сите фармацевти активно да учествуваат во изборниот процес и да го искористат своето право на глас.


Како здружение, остануваме доследни на нашата мисија – континуирано унапредување на фармацевтската професија, развој на фармацевтските услуги и јакнење на позицијата на фармацевтот како примарен здравствен работник и важен дел од здравствениот систем.

Во изминатите години, заедно со Фармацевтската комора, академската заедница, институциите и бројни колеги од сите сегменти на фармацијата, работевме на проекти, едукации, законски иницијативи и професионални активности чија единствена цел беше подобрување на статусот на фармацевтите и квалитетот на здравствената заштита за пациентите.
Убедени сме дека професионалните предизвици со кои се соочуваме бараат единство, меѓусебна почит и конструктивен дијалог. Независно од исходот на изборите, ЗПАРСМ ќе продолжи да биде партнер и поддржувач на сите иницијативи кои придонесуваат за развој на фармацевтската практика, унапредување на компетенциите на фармацевтите и подобро позиционирање на професијата во општеството.
Веруваме дека само преку соработка, почитување на различните ставови и заедничка визија можеме да изградиме посилна и повлијателна фармацевтска заедница.
Ве повикуваме да излезете на изборите и со својот глас да придонесете во креирањето на иднината на нашата професија.


Со почит,
Управен одбор на ЗПАРСМ