ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРИВАТНИ АПТЕКИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Здружението на приватни аптеки на РС Македонија (ЗПАРСМ) е самостојна, интересна, стручна, доброволна, непрофитабилна, непартиска организација на приватни самостојни аптеки и ланци, формирано со слободно здружување на приватните аптеки, заради остварување, заштита и усогласување на правата и интересите на своите членови. Формирано е 2017 год. и застапува околу 100 правни субјекти, односно околу 400 аптеки на територијата на РС Македонија.
Стратешки цели на Здружението се: унапредување и подобрување на условите за функционирање и работа на приватните аптеки; унапредување, остварување и заштита на правата и интересите на приватните аптеки; унапредување на честа, достоинството и угледот на фармацевтската професија; следење на здравствениот систем во РС Македонија и улогата на приватните аптеки во него; активно учество при изработка на закони, подзаконски акти, договори анекс кон договори и други акти, преку давање на предлози и сугестии со цел заштита на правата и интересите на приватните аптеки (своите членови) и подобрување на нивната положба и условите за функционирање во здравствениот систем на РС Македонија; да соработува со сите релевантни институции во нашиот здравствен систем.
Основни задачи на Здружението: да се усогласат и поттикнат членовите на Здружението на активно учество во Здружението; да планира и организира стручно усовршување на членството преку конгреси, семинари, симпозиуми, стручни состаноци и други форми на работа.
