На 16.11.2024 во Битола се одржа работилница ,,Подобрување на грижата за пациентите со ХОББ на ниво на ПЗЗ во С.Македонија – Поврзување на фармацевти и матични лекари

Работилницата е дел од проектот на Центарот за семејна медицина и е од исклучителна важност за зголемување на интердисциплинарната соработка помеѓу фармацевтите и лекарите на ниво на ПЗЗ со фокус на нашите пациенти. Новите знаења и вештини кои беа споделени се од огромно значење за менаџирањето на пациентите со ХОББ.