
M-Р ФАРМ. ЏОАНА АНДОНОСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗПАРСМ: Искрени честитки до сите фармацевти во нашата земја по повод Светскиот ден на фармацевтите – 25 Септември
На сите колеги фармацевти им посакувам многу успех, здравје и професионално исполнување. Нека овој ден биде потсетник за нашата важна улога и одговорноста што ја имаме кон пациентите и заедницата
МИСЛИ НА ЗДРАВЈЕ, МИСЛИ НА ФАРМАЦЕВТ“ е темата на Светскиот ден на фармацевтите 2025: М-р фарм. Џоана Андоноска, претседателка на Здружението на приватни аптеки на РС Македонија (ЗПАРСМ)
Светскиот ден на фармацевтите (World Pharmacists Day) се одбележува секој 25 септември, почнувајќи од 2009 година, од страна на Меѓународната фармацевтска федерација (FIP), со цел да се нагласи клучната улога на фармацевтите во здравствениот систем, нивниот придонес во унапредувањето на јавното здравје, рационалната и безбедна употреба на лекови, како и подобрувањето на квалитетот на животот.
„По повод Светскиот ден на фармацевтите – 25 септември, во име на Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија (ЗПАРСМ) и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите фармацевти во нашата земја“, истакна м-р фарм. Џоана Андоноска, претседателка на Здружението на приватни аптеки на РС Македонија (ЗПАРСМ), во честитката до колегите по повод Светскиот ден на фармацевтите 2025.
Фармацевтите се едни од најдостапните здравствени професионалци, чија улога е од суштинско значење за безбедна, рационална и ефективна употреба на лековите, во насока на унапредување на здравјето, превенција на болести и подобрување на квалитетот на животот на населението.