Почитувани колеги и пријатели,
Со особена чест и задоволство Ве поканувам на Петтиот симпозиум аптекарска здравствена заштита, во организација на ЗПАРСМ, кој ќе се одржи на 13 и 14 март 2026 година, во хотел Хилтон во Скопје.
Тема на овој Симозиум е МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ – Смарт Фармацевт модул 5.
Програмата вклучува стручни предавања поткрепени со примери од пракса, симпозиумски сесии, панел-дискусија со интердисциплинарен пристап и интерактивна размена на искуства.
Симпозиумот е структуриран во тематски сесии кои го опфаќаат менталното здравје низ различни животни фази, вклучувајќи:
ADHD и ментално здравје кај деца и возрасни;
Анксиозност низ животните фази;
Депресија кај различни возрасни групи;
Хигиена на сон;
Менопауза, андропауза и ментално здравје;
Невролошки нарушувања и ментално здравје;
Улогата на фармацевтот во менталното здравје.
Целта на симпозиумот е размена на искуства со колеги и експерти, унапредување на знаењата и компетенциите на фармацевтите во областа на препознавање, терапија и фармацевтска грижа за пациенти со нарушено ментално здравје, преку современ, практичен и интердисциплинарен пристап.
Ви се зблагодарувам за поддршката.
Со почит,
М-р. фарм. Џоана Андоноска
Председател на ЗПАРСМ
