Колеги фармацевти,
од срце ви благодариме за вашата посветеност, енергија и поддршка на иницијативата SMART Фармацевт. Вашата секојдневна работа, советите што ги давате и времето што го посветувате на пациентите се доказ дека фармацевтите имаат клучна улога во современата здравствена грижа.
Посебна благодарност до Аријана Мештровиќ која со својата визија и инспирација нè мотивира да веруваме дека можеме многу повеќе и подобро во грижата за нашите пациенти.
Веруваме дека ЗАЕДНО СМЕ ПОДОБРИ – кога фармацевтите, докторите и специјалистите работат како тим во третманот на пациентите, Само со соработка, знаење и емпатија можеме да создадеме подобар систем на грижа и подобар квалитет на живот за пациентите.
Ви благодариме што сте дел од оваа заедничка мисија.











