11 јуни, од 8.00 до 18.00 часот-со специфичен временски период во зависност од избирачко место!!!
Драги колеги фармацевти,
На веб-страницата на Фармацевтската комора конечно се објавени најновите информации за изборниот процес, ажурираните кандидатски листи и избирачките места. Заради навремено и точно информирање на колегите, ги споделувам и овде https://fk.mk/izbori%2026-30/
Во изминатите денови добив голем број пораки, телефонски повици и јавни изрази на поддршка, лично и преку Facebook, за мојата кандидатура за претседател на Комората. Искрено ви благодарам за довербата.
Но, истовремено, големиот број прашања што ги добив покажаа дека многу колеги не се доволно информирани за самиот изборен процес. Тоа отвора прашање за нивото на информираност и вклученост на членството во работата на сопствената Комора.
Затоа, ВАЖНО е да се потенцира дека на 11 јуни, од 08:00 до 18:00 часот, не се избира претседател на Комората. На тој ден СЕ ГЛАСА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОБРАНИЕТО и за другите органи на Комората.
Во СЛЕДНАТА ФАЗА од постапката, согласно Статутот, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГО ИЗБИРААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА СОБРАНИЕТО со ТАЈНО ГЛАСАЊЕ.
Токму затоа ИЗБОРОТ на членовите на СОБРАНИЕТО и на останатите органи е од КЛУЧНО ЗНАЧЕЊЕ. Тие не се формалност, туку суштината на функционирањето на Комората. Од нивната стручност, интегритет, активност и меѓусебна координација зависи квалитетот на одлуките, застапувањето на професионалните интереси и развојот на Комората.
Комората не треба да биде сведена само на претседателот, кого сите ќе го знаат по име. Силна Комора се гради со силно Собрание, активни комисии, одговорни органи и тимска работа. Претседателот може да даде насока, но резултатите ги создаваат сите органи заедно, преку координирана, транспарентна и посветена работа.
Затоа е важно на 11 јуни да избереме луѓе кои нема само да бидат избрани, туку и ќе работат; луѓе кои ќе придонесуваат со знаење, став и личен интегритет. Само така можеме да изградиме Комора која ќе биде вистински сервис и глас на фармацевтите.
Информирајте се, излезете и гласајте. Изборот на собраноето и останатите органите го определува правецот на Комората.